Пелистер е третиот полуфиналист во Купот.
Ова откако во интересен меч битолскиот куб го совлада кавадаречки Еуро Никел со 79-70 во четвртфиналната рунда, па во полуфиналето Пелистер закажа пресметка со Феникс.
Се играше изедначено во мечот, а Пелистер за првпат по долго време успеа да поведе во последниот период, на шест минути до крајот, со тројката на Карпентер кој со 22 поени, пред Караџовски со 20 поени, додека Маслинко додаде 16 поени и седум блокади. Кај Еуро Никел, исклучениот Стојановски даде 17, Соколов имаше 16 поени, пред Младеновиќ со 12 поени, додека Планиниќ имаше 10 поени и 10 скока.