Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија рутинска победа во дуелот протв Академија ФМП, на мечот што се одигра попладнево, а со кој беше комплетирано 15-тото прволигашко коло.

Домаќините беа рамноправен противник во првата четвртина која ја загубија со само еден поен разлика 25-25, а веќе во втората фаворитот ја презеде контролата и го доби периодот со 31-15. Таквата предност на аеродромци им донесе мирно продолжение на натпреварот кој го добија со конечни 102-86.

Очекувано на овој натпревар поголема минутажа добија домашните кошаркари или оние кои поретко влегуваат во игра во дуелите од АБА лигата, па така Пандев со 19 и Робев кој постигна 16 поени беа најефикасните во редовите на МЗТ. кој со  13-тата победа се враќа на врвот на табелата, со еден триумф повеќе од битолски Пелистер кој е второ рангирам.

Во шампионатот претстои пауза, но не и во мак-баскетот, бидејќи веќе во четврток до сабота во СЦ „Кале“ ќе се играат завршните натпревари на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.