Екипата на Манчестер Јунајтед забележа победа на тешкото гостување кај Лидс.

Во натпреварот од 22.коло на Премиер лигата, „црвените-ѓаволи“ славеа победа со 2-0 со погодоците постигнати во завршните 10-тина минути. 

Маркус Рашворд со својот 12-ти гол сезонава во Премиер лигата, во 80-тата минута му донесе предност на својот тим, а 18-годишниот Аргентинец, Алехандро Гарначо пет минути подоцна (85) го постигна вториот гол за Јунајтед. 

Со оваа победа и новите бодови, а вкупно 46, Манчестер Јунајтед ја продолжува „потерата“ по лидерот Арсенал, кој вчера одигра 1-1 со Брендфорд. Сега „топџите“ имаат пет бодови повеќе од Јунајтед, но и два одиграни натпревари помалку. Една од нив е дербито со Манчестер Сити закажано за во четврток.