Tимот на Удинезе продолжи со серијата лоши резултати, па на домашен терен со Сасуоло одигра само реми 2-2.

Дестини Удоги уште во првата минута донесе предност за Удинезе, но истата траеше само пет минути, кога Матју Енрике изедначи на 1-1.

Избраниците на Андреа Сотил повторно дојдоа во предност во 28-та минута преку Словенецот, Јака Бијол.

Кога изгледаше дека Удинезе ќе замине со предност на полувреме, несреќна реакција на Аргентинскиот дефанзивец, Перез, кој по една нафрлена топка ја затресе сопствената мрежа и со тоа Сасуоло дојде до изедначување, 2-2.

Истиот резултат остана и до крајот на натпреварот, што значеше деветто реми за Удинезр оваа сезона.

Македонскиот интернационалец во тимот од Удине, Илија Несторовски остана на клупата во текот на целиот натпревар.