Возбудлив натпревар со многу шанси и возбудувања одиграа Лајпциг и Унион Берлин, кој на крајот заврши во полза на гостите од главниот град со 1-2.

Лајпциг тргна офанзивно, со целосна иницијатива на натпреварот, која во 24-тата минута вроди со плод па преку Бенџамин Хенрикс дојде до предност од 1-0.

Предноста на Лајпциг траеше се до 61-та минута кога Хаберер изедначи на 1-1. Целосен пресврт на натпревар донесе Робин Кнохе во 72-та минута од пенал за голема на Унион Берлин од 1-2.

Со оваа победа Унион Берлин остана на втората позиција и во чекор со Баерн на само еден бод помалку.