Контролниот наптревар помеѓу градските ривали Работнички и Вардар како најава за новата сезона, заврши со триумф на Дебармаалци со 2-0.
Гандо Биала во 44-тата го отвори резултатот и предност на Работнички од 1-0, а Филип Тодоровоски во 68-та минута ги постави конечните 2-0.
Двата тима ги користат последните денови од подготвителниот период за да ја достигнат потребната форма со која ќе се обидат да ги остварат зацртаните цели. Работнички се наоѓа во долниот дел на ПМФЛ и сака подобри резултати оваа пролет, додека Вардар е второпласиран во ВМФЛ и ќе се бори за промоција во елитата
Продолжението на полетниот дел од мак-фудбалот е закажано за следниот викенд.