И трет натпревар во низа екипата на Челзи го завршува со нерешен резултат.

Во дуелот од 23.коло на Премиер лигата, тимот на Челзи одигра на гостински терен кај Вест Хем 1-1.

Два го,а беа постигнати во воведните триесетина минути.

Челзи поведе со погодокот на Португалецот, Жоао Феликс во 16-тата минута, а домаќините израмнија преку Италијанецот, Емерсон во 28-та.

Вреди да се напомене дека на овој натпревар беа поништени дури три погодоци, од кои два на Челзи во првиот дел, и еден на Вест Хем кон крајот на натпреварот кога  во 82. минута реализира Соучек, но неговиот гол беше поништен со ВАР поради офсајд и со тоа натпреварот заврши со 1-1.

Со само едниот освоен бод и вкупно 31, Челзи е на деветтото место на табелата и е се подалеку од позициите што носат излез на европската сцена следната сезона.

Вест Хем пак е во групата на екипи што грчевито се борат да избегнат испаѓање од Премиер лигата.