Баерн во полн ритам пред ПСЖ, настрада Бохум. Втора победа по ред за Баварците во Бундеслигата. Избраниците на Негелсман беа убедливи на домашен терен против Бохум и со 3-0, запишаа втора победа по ред.

Томас Милер во 41-та минута донесе предност на полувреме со 1-0.

Кинглси Коман во 64-тата зголеми на 2-0, а Гнабри девет минути подоцна во 73-тата минута ги постави конечните 3-0.

Со оваа победа Баерн остана лидер со 43 бода, а најави дека е во одлична форма во пресред на дерби натпреварот против ПСЖ во нокаут фазата на Лигата на Шампионите.