Легендарниот тренер на Хрватска Мирослав Ќиро Блажевиќ почина утрово во 88 година од животот по долгата и тешка болест. Блажевиќ е роден на 10.февруари 1935 година во Травник, а најголемиот успех го постигна со хрватската репрезентација откако на Светското првенство 1998 година ја предводеше репрезентацијата до бронзениот медал. Тоа беше одличната генерација предводена од Бобан, Шукер, Бокшиќ, Асановиќ, и другите големи ѕвезди на хрватскиот фудбал.

Мирослав Блажевиќ фудбалер беше до 31.та година и настапуваше за Динамо, Локомотива, Риека, Сараево и Сион од Швајцарија каде ја почна и тренерската кариера. 1982 година со Динамо ја освои титулата првак во Југославија со Млинариќ, Церин, Заец,…

Како тренер или селектор работел во 28 клубови или репрезентации, а треба да се напомене дека беше тренер во речиси сите поголеми хрватски екипи: Динамо Загреб, Хајдук, Риека, Осиек и последен клуб што го водел беше Задар.