Мојсовски го обвини Димовски – тој сакал да ги распределува парите од „ваучерот“!?

Иако треба да бидат „двигатели“ на македонскиот спорт, двете најголеми спортски институции Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Македонскиот олимписки комитет (МОК), преку своите први луѓе, Директорот на АМС, Наумче Мојсовски и Претседателот на МОК, Даниел Димевски, ја продолжуваат „војната“ за „спортскиот денар“ (ваучер). 

На утринското гостување во емисијата „СТУДИО 10“ на ТВ24, Мојсовски го обвини Димевски дека „ургирал“ во Владата тој (МОК) да ги распределува парите од „спортскиот ваучер“. 

„Имаше трибини со кои се бараше ваучерскиот систем да не го спроведува државата преку АМС, туку Олимпискиот комитет да го прави тоа. Но, како што одговори вицепремиерката Грковска АМС е државен орган кој е одговорен за државни пари, а МОК е здружение на граѓани па оттука не може да се грижи за распределба на државните пари. Најголем проблем е што многу бизнисмени влегуваат во спортот и мислат дека спортските клубови се водат како фирми. Се вметнуваат некои работи во спортот на кои не им е местото. Спортот треба да го водат спортисти кои го почувствувале моментот на спортската игра“, изјави Мојсовски.

Потсетување дека станува збор за сума од 10 милиони евра, кои државата ги дава на спортските субјекти (колективни и индивидуално), средства без кои голем дел од спортските субјекти би згаснале, на тоа предупредува и Мојсовски кој потенцира. 

„Очигледно некој сака да се укинат ваучерите кои се битни за клубовите. 
Ваучерите треба да се поделат за пет дена, но се уште не се знае кој колку ќе добие затоа што процедурата не е довршена, меѓу кои и МОК е еден од оние што добиваат ваучер“, додаде Мојсовски.

Сепак Директорот на АМС, Мојсовски, децидно не одговори, дали постапката ќе биде стопирана како што побара Претседателот на МОК, Даниел Димевски