Првакот на Азија, Ал Хилал од Саудиска Арабија има предност од 2-1 против јужно-американскиот шампион Фламенго во првиот полуфинален натпревар на Светското клупско првенство што се одржува во Мароко, 

со двата гола од пенал во 4-тата и 9-тата минута од судиското дополнение на првото полувреме Ал Хилал има резултатска, но и предност од играч повеќе, имајќи в предвид дека Гарсон заработи втор жолт картон.

Ќе може ли фаворизираниот бразилски тим да се извади од оваа ситуација останува да видиме во вториот 45-минути.

Потсетување дека овие два тима во 2019 во Катар исто така играа во полуфиналето, меч во кој Фламинго славеше со 3-1, но подоцна во финалето бразилскиот тим да загуби од Ливерпул со 1-0.

Второто полувреме можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ

Победникот од овој натпревар ќе го чека исходот од утрешниот полуфинален дуел меѓу  европскиот шампион Реал Мадрид ќе треба да ја потврди фаворитската улога во дуелот со Африканскиот вице-првак Ал Ахли од Египет.