Нов дерби натпревар за македонската судиска двојка на Светското првенство во Полска и Шведска. Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов вечерва ќе го судат дербито на денот во Гетеборг, дуелот од група 2 од Главната фаза меѓу домаќинот Шведска и Исланд.
Претходно Начевски – Николов го судеа натпреварот меѓу Португалија и Унгарија (триумф на Португалија), кој решаваше за конечниот изглед на табелата во таа група, како и дуелот меѓу Тунис и Бахреин што заврши без победник.