Пораз на стартот на Светското првенство за Македонија од Норвешка со 39:27 на првиот дуел што се играше во Краков.

Фаворитот на дуелот Норвешка подобро го „отвори“ дуелот и во воведните 10 минути имаше предност од 6:3. Во тие моменти противникот на Македонија воглавно акциите ги завршуваше преку пикерската позиција. По водството на ривалот од 8:5, нашиот селектор Кирил Лазаров побара тајм аут, по што дојде и до консолидатција на нашата игра пред се во одбрана и во 19.минута со голот на Кузмановски изедначивме на 9:9. Во овој период и нашиот голман Митревски имаше неколку одбрани.

Но, веќе во следната акција Серафимов направи исклучување и противникот со серија од 4-0 ја искористи предноста од играч повеќе. Со двата гола на Манасков намаливме на 13:11, но до крајот на првиот дел Норвешка направи серија од 5-0 за 18:11 по првиот дел.

Хендикеп за Македонија беше повредата на Јагуриновски во 27.минута.

Вториот дел го почнавме со повеќе грешки, а противникот тоа го казнуваше и во 42.минута Норвешка првпат поведе двоцифрено 25:15. По тајм аутот на Лазаров, Македонија во нападот играше 7-6. Оваа игра донесе серија од 3-0 за Македонија и намалување на резултатот. Успеавме негативата да ја намалиме на -6 (31:25), но пак следуваше серија на Норвешка од 4-0 за нови +10 (35:25).

Ва завршницата Норвешка стигна и до највисоки 12 разлика.

Најефикасен во составот на Македонија беше Талески со 7 голови.