Турскиот центар Самет Јигитоглу повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром.

Ова откако неговиот менаџерски тим ја плати откупната клаузула, предвидена во договорот и реши да го врати во Турција и тоа најверојатно во матичниот Бешикташ, од каде што и дојде во во МЗТ.

Високиот центар минатата сезона ја мина во втор тим на МЗТ, а летово доби шанса да се покаже и во најдобриот состав и тоа во АБА-лигата.

Турчинот во АБА лигата имаше просек од 5,7 поени и 4,5 скока.

Од таборот на МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарија на Јигитоглу на тоа што го прикажа во сино-белиот дрес и му посакаа сѐ најдобро во понатамошната кариера.