Првиот натпревар на Светското првенство во ракомет за мажи заврши со победа на олимпискиот шампион Франција против домаќинот Полска со 26:24 (14:13). Француските ракометари имаа водство во речиси целиот натпревар, а Полска во вториот дел постојано го „бркаше“ водството на ривалот. Резултатот последен пат беше изедначен 21:21.
Во клучните моменти во финишот голманот на Франција Жерар имаше две одбрани, од вкупно 9 на целиот натпревар.
Најефикасен на натпреварот беше полскиот репрезентатовец Симон Сичко со 7 голови, додека кај Франција најефикасен беше Дика Мем со 6 голови.
Натпреварот се одигра во исполнетата Сподек Арена во во Катовице, а пред почетокот имаше и свечено отворање на шампионатот.
Во вториот натпревар од Б групата утре ќе играат Словенија и Саудиска Арабија.