На местото на Мекиќ, доаѓа Американецот, Кук

Неполи 24 часа по одигрувањето на натпреварот, против Црвена Звезда кој белграѓани го добија убедливо, од таборот МЗТ Скопје Аеродром дојде потврда на најавата на тренерот Николиќ, за промени во составот на сино-белите.

Нашиот нов член во ЛНБ-лигата одигра 15 средби со просек од девет поени, 40-отстотна прецизна за тројка и 3,1 скока. Претходно, во НЦАА-лигата, Кук во последната сезона за Мисури стејт универзитетот просечно реализирал по 14,9 поени и 4,6 скокови.

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ од денеска и официјално не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако му беше одобрено барањето за раскин на договорот поради желба првпат во кариерата да се проба во клуб надвор од Македонија, (не официјално заминува во Романија)

ФОТО: МЗТ Скопје Аеродром

На негово место доаѓа Американецот, Кеандре Кук (25 год, 196 см), кој потпиша договор до крајот на сезоната. Станува збор за бек-шутер, чие најсилно оружје се ударите за три поени, а кој доаѓа од францускиот прволигаш АДА Блус.

Тој денеска треба да пристигне во Скопје, а дебито во сино-белиот дрес се очекува за следниот понеделник на гости кај Партизан во Белград.

ФОТО: МЗТ Скопје Аеродром