Машката ракометна репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за новиот настап на СП во Полска и Шведска. Како дел од подготовките се и двата контролни, пријателски натпревари против Црна Гора.

Во Маврово, Македонија и Црна Гора го одиграат првиот од двата контролни натпревари. Црвено-жолтите славеа убедлива победа со 10.гола разлика 33-23.

Иако Црногорците се некомплетни, поради отсуство на повеќемина ракометари кои имаат обврски со своите екипи, сепак двата меча се добредојдени за селекторот Лазаров, кој ќе може да ја провери моменталната подготвеност на своите избраници и да има појасна слика на кои ракометари по сериозно ќе може да смета на Мундијалот.

Вториот натпревар ќе се игра утре од 14 часот.

Покрај овие два меча со Црногорците, како и ревијалниот натпревар против ветераните, во Скопје на 3 јануари, црвено-жолтите во Пореч, ќе имаат уште двете контроли со Хрватска и Израел, по што заминуваат за Краков, каде ќе ги играат натпреварите она Светското првенство, на кои ќе настапат во која за противници ќе ги имаат селекциите на, Норвешка, Холандија и Аргентина редоследно.,