Во хотелот „Хилтон“ во Скопје, Македонската кошаркарска федерација, ги подели признанијата за најдобрите во 2022 година.

За најдобар кошаркар признанието заслужено му припадна на Војдан Стојановски, долгогодишниот македонски репрезентативец и предводник на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Кај дамите лауреат е Александра Стојановска која лани го носеше дресот на Бадел, а сега настапува во Грција.

Во тренерската конкуренција за признанијата отидоа во рацете на Александар Петровиќ и Александар Ашаданов, додека во екипна конкуренција најуспешни за 2022 година очекувано се шампионите МЗТ Скопје Аеродром кај мажите и Баскет Кам кај дамите, додека машката младинска селекција до 16 години, која избори опстанок во елитната А дивизија, е прогласена за најдобра репрезентација.

Останатите признанија им припаднаа на:
– најдобар млад кошаркар: Андреј Шошкиќ (Работнички)
– најдобра млада кошаркарка: Михаела Алексовска (Крива паланка)
– најдобра машка екипа (младински лиги): Работнички
– најдобра женска екипа (младински лиги): Крива Паланка
– најдобар тренер на машка екипа (младински лиги): Александар Јованчев (Вардар)
– најдобар тренер на женска екипа (младински лиги): Мирослав Ивановски (Крива Паланка)
– најдобар играч во 3×3: Христијан Ристов