Селекторот на Македонија, Кире Лазаров е горд што нашата репрезентација го одржува континуитетот на настапи на големите натпреварувања.

„Имаме тешка група, каде што е една Норвешка за која нема потреба да се трошат зборови, Холандија која е во страшен подем и игра модерен и брз ракомет, како и Аргентина која на последното првенство направи проблеми на многу големи репрезентации.
Ќе тргнеме скромно, посакувам да останеме здрави до почетокот на првенството. Кај ракометарите постои огромна желба и мотивираност, а тоа ме радува. Успех е и самиот пласман на самото Светско, меѓутоа ќе дадеме сè да се пласираме во вториот круг, иако нема да биде лесно. Ќе се обидеме да направиме некое изненадување како аутсајдери“, изјави селекторот Лазаров.

Македонија е во група со Норвешка, Холандија и Аргентина, првите две селекции одат во втората фаза.