Најнеизвесниот натпревар во НБА понудата го одиграа Кливленд и Далас, а заврши со победа на домашниот тим со 100-99 и тоа по дополнителните 5.минути.

„Маверикси“ настапија без својот најдобар играч Лука Дончиќ, па Кемба Вокер ја презеде лидерската улога. Но, залудни беа неговите 32 поени, како и дабл-дабл учинокот на Крис Вуд со 26 поени и 14 скокови, кога во продолжението Далас постигна само 4 поени.

На спротивната страна најефикасен беше Донован Мичел со 25 поени.

Иако и тимот на Милвоки настапи ослабен без Атетокумпо, Мидлтон и Иглс кои имаат повреди на коленото, сепак „Бакси“ забележаа убедлива победа со дури 26 поени разлика 123-97 во дуелот со Јута и се зацврстија на втората позиција во Источната конференција.

Дербито на западот се одигра во Феникс каде „Сонцата“ во израмнет натпревар славеа против Њу Орлеанс со 118-114.

Брилијантен натпревар одигра Девин Букер кој за победничката екипа постигна 58 поени, рекордни за него сезонава. На спротивната страна Зајон Вилијамсон на 30-те поени придодаде и 9 скокови.

Сега двата тима имаат по 18 победи, една помалку од лидерот Мемфис кој ноќеска претрпе пораз со 115-109, на гостувањето кај еден од полошите тимови во лигата Оклахома.