Кој ќе биде противник на Аргентина во неделното финале ќе дознаеме вечерва по одигруваето на второто полуфинале во кое актуелниот светски првак Франција и најпријатното изненадување на првенството Мароко, првата африканска земја која стигнала до место во топ четирите на Мундијалот

Иако Французите важат за апсолутни фаворити, сепак капитенот на „триколорите“ голманот Уго Лорис, предупредува дека Мароко не случајно е меѓу четирите најдобри селекции. 

„Нема среќа на ова ниво. – Штом еден тим може да ја победи Белгија, да ги елиминира Шпанија и Португалија, да заврши на 1.место во својата група, Тоа значи дека тие имаат многу квалитети на теренот аи секако надвор од теренот. Во однос на кохезијата и тимскиот дух, тоа ќе биде сериозен противник“

потенцира капитенот на Франција голманот Лорис.

Одличниот марокански голам Боно, која на овој шампионат само еднаш беше совладан и тоа од својот соиграч Агуед, сега ќе има тешка задача да го задржи убинствениот француски тандем Мбапе – Жиру , но селекторот на Мароко, Валид Реграгуи, потенцира дека  

„Нема да се да подготвам некоја посебна тактика за да го спроеме Мбапе, за наша жал, има повеќе од само Килијан. – Франција има и други добри играчи. (Антоан) Гризман е на врвот на својата игра и игра добро меѓу линиите,  Усман Дембеле е исто така совршено надополнување на Мбапе на другото крило. Ако се фокусираме само на Мбапе, тоа ќе биде грешка.  – Тие се светски шампиони, со играчи од светска класа и ќе одат на тоа со се што имаат.  Треба да се фокусираме на тоа што можеме да направиме за да предизвикаме проблеми за Франција“

истакна Реграгуи.

Франција атакува на своето четврто финале во кое ќе се обиде да стигне до третиот шампионски трофеј, а воедно да станат и третата земја по Италија и Бразил која успеала да го одбрани шампионскиот трон. 

Ќе се изборат ли за тоа „Триколорите“ или Мароко ќе испише уште една страница во светската фудбалска историја, останува да видиме по натпреварот што ќе започне од 20 часот.