Ракометарите на ГРК Охрид триумфираа вечерва во Автокоманда против Алкалоид со 27:26 во рамки на 7.коло од Плеј офот од Супер лигата и се искачија на второто место на табелата.

Гостите од Охрид од самиот почеток беа во водство кое на полувреме изнесуваше 17-12, но Алкалоид успеаја да дојдат до гол негатива во самиот финиш, но немаа сили да го избегнат седмиот пораз оваа сезона по кој останаа на четвртото место на табелата.

Јасухира со седум голови беше најефикасен во редовите на Охрид, додека Пилиповиќ запиша десет интервенции.

Во редовите на домашниот тим, Дамјан Митев беше најефикасен со шест голови