Екипата на Наковски волеј ја оствари втората победа против Работнички во финалето на женското одбојкарско првенство на Македонија.
Во мечот број три одигран попладнево во Струмица, домашниот тим славеше убедливо во четири сета (3:01.
Триумфот домашниот тим го најави уште во првиот сет кој го доби со 25-16. Во вториот струмичанки на противничките им препуштија три поени помалку (25-13) и веќе поведоа со 2:0 во сетови.
Во третиот сет, скопјанки како да се разбудија, па беа рамноправен противник. Се играше израмнето се дои 20-20. Домашните одбојкарки врзаа три поени во низа, за водство 23-20, но таа предност не успеаја да ја сочуваат. Гостинскиот состав не се предаде, па со пет не одговорени поени на противникот, Работнички го доби сетот со 23-25 за намалување на предноста на противникот на 1:2.
Четвртиот сет донесе рамноправна игра и израмнет резултат до 11-11. Тогаш домашните одбојкарки беа оние кои создадоа предност и тоа од четири поени (15-11). Струмичанки ја одржуваа таа предност, а во финишот имаат и +5 (21-16 и 22-17). Тоа се покажа како недостижно за противничките од Скопје, па Наковски волеј го доби сетот со 25-19, а мечот со конечни 3:1.
Првата шанса, за првиот шампионски трофеј, тимот на Наковски волеј ќе ја има веќе на следниот меч. Дуелот број 4 ќе се игра во Скопје, во четврток на 7 мај.


































