Ракометарите на Охрид испишаа нова клупска историја со пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани со тоа станаа вториот македонски тим, кои втора година по ред, ќе игра во финалето на ова натпреварување.
Тие ќе се обидат да го повторат ланскиот успех на Алкалоид кој го освои трофејот. Како загревање за финалниот меч унгарскиот состав на Татабања, тимот на Охрид денеска со домашни обврски.
Имено, во салата „Автокоманда“ попладнево, ќе се игра натпреварот од седмото плејоф коло во Супер лигата. Во него ќе се сретнат токму екипите на Алкалоид и Охрид.
Ова суперлигашко коло ќе биде комплетирано задутре со уште едно дерби. Во него Вардар има шанса да ја освои шампионската титула во дуелот против актуелниот првак Еурофарм Пелистер. Овој натпревар ќе се игра во четврток, поради денешните обврски на вардарци во Европската лига и дуелот со Монпелје.
Денешниот дуел меѓу Алкалоид и Охрид ќе почне од 18 часот, а може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇




































