Фудбалската репрезентација Македонија добива нов лик. Не во тимот или стручниот штаб, туку во изгледот на опремата со која ќе настапува.
Денеска од ФФМ се пофалија со новите дресови кои македонските фудбалери ќе ги носат во следниот период.
„Со гордост го претставуваме новиот дрес на македонската репрезентација.
Симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја, каде што секој бод носи спомен, а секоја линија, надеж.
ФФМ и Adidas, едноставено, но кажува доволно.
Стил, став и јасна порака кој си и што претставуваш кога ќе излезеш на терен.
ФФМ е дел од програмата во рамки на UEFA Kit Assistance Scheme. Националните асоцијации користат ексклузивната ADIDAS „Locker Room“ услуга за дизајн, која нуди широк спектар решенија за креирање на тимска опрема.„
































