Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со 22 победи ја завршија Супер лигата и тоа како второ пласирани зад ТФТ. Во претпоследниот натпревар од 5.коло на ТОП-6 фазата, МЗТ како гостин го победи Маџари на гостински терен со 81-94.
Шампионот речиси во текот на целиот натпревар имаше предност. Домашниот состав на Маџари само во третиот квартал, во три наврати, водеше со еден разлика. Последниот период МЗТ го скрши отпорот на противникот и заслужено славеше победа.
И овој натпревар како и останатите два, се без резултатско значење бидејќи и пред ова коло, познати се двојките за полуфиналето.
МЗТ на крајот е втор зад ТФТ. Аеродромци службениот пораз со Ангели на крајот ги чини прво место. Така шампионот, како второ пласиран, за противник во полуфиналето ќе го има битолски Пелистер, кој денеска славеше над Тиквеш.
Маџари пак кој заврши на четвртата позиција ќе игра со прво рангираниот ТФТ кој утре ќе го одигра натпреварот против Кожув на гости.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ)
ТОП-6 последно 5 КОЛО
Четврток 30 април
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 100-93
МАЏАРИ – МЗТ СКОПЈЕ A. 81-94
Петок 1 мај
19.00 КОЖУВ – ТФТ
































