Ракометарите на Охрид запишаа уште една победа во домашната Суперлига, откако вечерва триумфираа со 31-26 против Бутел.

Првото полувреме беше израмнето и двете екипи заминаа на паузата со 16-16, по што Бутел успеа да остане во игра сè до 40. минута, по што Охрид ги презема работите во свои раце.

Охрид влезе во одличен ритам и набрзо поведе со 28-22, по што стана јасно дека ќе запише нов триумф (31-26) во домашната лига.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ален Ќосевски со девет голови, додека Дејан Михајловиќ запиша седум погодоци за Бутел.

Охрид е трет на табелата со 46 бодови колку што има и второ пласираниот Еурофарм Пелистер. Лидерот Вардар на конкурентите им бега 8 бодови, а црвено-црните ги дели еден бод од шампионскиот трофеј. Првата шанса за тоа Вардарци ќе ја имаат претстојниот викенд во дуелот со Е. Пелистер во Скопје.

За Охрид овој меч доаѓа пред саботниот дуел со Целје во ЕХФ Европската лига. Во сабота тие ќе треба да надополнат гол негатива од дуелот во Словенија и да изборат историски финале.