Фудбалерите на Струга Трим Лум ја впишаа 19-тата победа во прволигашката конкуренција.
Во натпревар од 29.коло, стружани пред своите симпатизери лесно го добија натпреварот со Силекс со 2-0.
По еден гол беше постигнат во двата дела. Во првиот, домаќините поведоа во 21.минута со голот на интернационалецот од Гамбија, Маудо. Во вториот грешката на Босанецот, Бутуровиќ ја казни Малевски во 57-мата минута за 2-0.
Струга која е трета на табелата сега има 10 бодови повеќе од Силекс кој е четврти. а двата тима се далеку од Вардар и Шкендија кои се борат за шампионскиот трофеј.
Во последниот натпревар под ова коло, попладнево (16 часот) во Тетово, Шкендија го пречекува Башкими.
Standings provided by Sofascore

































