Кошаркарите на ТФТ и Маџари денеска ќе го играат натпреварот од 26.коло во ТОП-6 сегментот на Супер лигата.

Ова е дуел на две од четирите екипи (МЗТ и Пелистер) кои ќе продолжат во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

По убедливиот пораз од Пелистер пред два дена, тимот на ТФТ ја препушти водечката позиција на табелата на МЗТ Скопје. Сега избраниците на Боро Смилковски се оние кои се под притисок да го вратат првото место, а со тоа и предноста на домашен терен во плеј-офот. Но составот од скопско Тафталиџе, мора да размислува и за натпреварот во среда во финалето на АБА2 лигата. ТФТ ќе мора да го совлада босанскиот тим Широки за да ги задржи шансите за пласман во елитната АБА конкуренција.

Во случај на денешен пораз на ТФТ, тоа ќе биде шанса за аеродромци. Под услов МЗТ утре да го совладаат Пелистер, сино-белите сами ќе ја запоседнат првата позиција на табелата.

Иако, покрај овие натпревари, остануваат уште две кола до крајот, повеќе од јасно е дека, исходите од овие натпревари ќе ги дефинираат двојките за полуфиналето во плеј-офот.

Денешниот дуел меѓу ТФТ и Маџари ќе се игра во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк. Натпреварот е закажан со почеток од 13 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇