Нови три натпревари ноќеска се одиграа во првата рунда од плеј-офот на НБА лигата.

Минесота Тимбервулфс поведе со 2:1 во серијата против Денвер Нагетс по убедливата победа од 113:96 во третиот натпревар.

Домашниот тим доминираше уште од самиот почеток и по првата четвртина обезбеди висока предност од 26:11. Одлучувачкиот момент се случи во втората четвртина кога Никола Јокиќ замина на заслужен одмор. Минесота максимално го искористи тој период и на полувремето замина со огромна предност од 22 поени разлика. Ају Досунму беше незапирлив со 25 поени и девет асистенции, додека Џејден МекДениелс додаде 20 поени и 10 скока. Кај поразениот Денвер се истакна Никола Јокиќ кој го заврши натпреварот со учинок од 27 поени и 15 скока.

Драматично беше во пресметката меѓу Атланта Хокс и Њујорк Никс каде домаќините славеа со минимални 109:108.

Си Џеј Меколум стана херој на вечерта постигнувајќи го клучниот кош за победа на само 12 секунди пред крајот. Тој го заврши мечот со 23 поени, а огромна поддршка доби од Џонатан Куминга кој од клупата уфрли 21 поен. Во тимот на Никс најефикасен беше ОГ Ануноби со 29 поени, додека Брансон и Таунс заедно постигнаа 47 поени. Со овој триумф екипата на Атланта презеде водство од 2:1 во победи во оваа исклучително израмнета серија.

Торонто Репторс се вратија во игра против Кливленд со сигурна победа од 126:104 со која намалија на 2:1.

Скоти Барнс и Ар Џеј Барет одиграа натпревари постигнувајќи за него рекордни 33 поени во плејофот. Барнс на својот учинок додаде и 11 асистенции, додека Батл постигна клучни 14 поени во последната четвртина. Колин Мареј-Бојлс придонесе со 22 поени во триумфот со кој Репторс го одбранија домашниот терен пред своите навивачи. Серијата меѓу овие два ривали продолжува веќе во недела кога Торонто повторно ќе биде домаќин на четвртиот натпревар.