Два нови супер интересни натпревар нé очекуваат вечерва во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.
На програмата се реванш дуелите во Минхен и Лондон во кои домаќините Баерн и Арсенал ќе влезат со гол предност против Реал и Спортинг.
На „Алијанц арената“ во Минхен, Баерн го пречекува 15 кратниот европски првак Реал Мадрид. Победата на „Сантијаго Бернабеу“ им дава мала предност на Баварците, но Реал не го кажа својот последен збор.
Тренерот на домашниот тим, Винсент Комапни, е свесен дека ги очекува тежок натпревар, иако имаат поволен резултат од првата средба.
„ Сакаме да победиме и да покажеме дека можеме да го исполниме она што нашите навивачи го очекуваат од нас. Секако, го почитуваме противникот, но овој тим мора да влезе во натпреварот со самодоверба и да се пласира во полуфиналето“, рече Комапани.
Од друга страна, тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, верува дека неговиот тим може да го анулира минус еден гол од Мадрид.
„Сè се сведува на самодовербата, мора да играме на високо ниво. Пред сè, ние сме Реал Мадрид. “ изјави Арбелоа.
Реал многу пати досега докажувал дема може да излезе како победник во вакви и слични ситуации. Ќе биде ли така и овојпат, остануваа водиме во натпреварот што ќе почне од 21 часот.
Во истиот термин на „Емирати“ во Лондон, Арсенал и Спортинг ќе ја полнат својата втора пресметка. Лондончани во Лисабон се изборија за гол предност (1-0), но португалскиот првак покажа дека може и повеќе.
Кои два тима ќе им се приклучат на Атлетико Мадрид и ПСЖ во полуфиналето останува да видиме.
































