Вниманието на европската фудбалска јавност, денеска и утре ќе биде насочено кон реванш четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите. По натпреварите во Ливерпул и Мадрид ќе ги дознаеме првите два тима полуфиналисти.

Во овие натпревари екипите на ПСЖ како гости и Атлетико како домаќин, ќе влезат со предност од два гола, против Ливерпул и Барселона.

На „Енфилд“ се сеќаваат на големи подвизи

Ливерпул ќе се обиде да ја искористи предноста на „Енфилд“ и да го елиминира актуелниот европски шампион ПСЖ, кој изгледаше моќно на дуелот во Париз. 

Но, во Ливерпул, се сеќаваат како на „Енфилд“ ја победија Барселона со 4-0 во полуфиналето во 2019 година и го анулираа поразот од 3-0 во првиот натпревар.

„Постои верување дека можеме да правиме посебни работи. Но треба да бидеме многу, многу, посебни и подобри вечерва.
Знаеме дека ни треба исклучителна изведба за да се пласираме во следната рунда“, изјави тренерот Арне Слот.

Свесни се за тоа и во таборот на парижаните па тренерот Луис Енрике истакна дека работата не е завршена. 

„Натпреварот ќе биде многу различен од првиот. Мора да знаеме да ги менаџираме тешките моменти,“
рече Енрик.

Атлетико со повисока треба сака да ја сопре Барселона

Во Мадрид ќе се игра шпанското дерби во кое Атлетико со два гола (2-0) предност ќе ја пречека Барселона.

Во фокусот на вниманието е тревата на стадионот „Метрополитано“. Имено, Барселона синоќа го одработи својот тренинг синоќа, а тренерот Ханси Флик забележа дека тревата е „малку повисока“ од дозволеното. Германецот тоа го посочи проблемот на делегатот.

Според правилата на УЕФА, тревата мора да се потстриже максимум 30 милиметри. Ништо чудно дека Диего Симеоне ја има смислено оваа „тактика“ за да ја забави и запре играта на Барселона.

Флик, мора да одигра офанзивно и да се потпре на младата ѕвезда Ламин Јамал, кој пропошти 2-3 идеални шанси за гол на „Камп Ноу“.

„Оваа пресметка не е завршена, ќе се бориме до крај,“ изјави Јамал. 

Не и е непознато на Барселона да слави на жешкиот терен на Атлетико. Пред само десет дена во дуелот од шпанската Ла Лига, каталонската екипа победи со 1-2.

Двата вчерашни натпревари ќе почнат од 21 часот, а по нив ќе ги дознаеме првите два тима полуфиналисти. Во истиот термин утревечер ќе се играат и другите два четвртфинални дуело. Во нив Арсенал и Баерн со еден гол предност ќе ги пречекаат Спортинг Лисабон и Реал Мадрид.