Велигденскиот празник го пролонгираа петтото коло во машката ракометната Супер лига.

Плејо-ф конкуренцијата ќе биде заокружена денеска со дербито во Автокоманда. Во него тимот на Алкалоид го пречекува актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Ова може да биде и решавачки натпревар во борбата за шампионскиот трофеј. Актуелниот првак Еурофарм Пелистер е третата позиција на табелата, со дури 10 бодови помалку од лидерот Вардар. Доколку пелистерци вечерва бидат поразени, дефинитивно, ќе може да се збогуваат од шампионскиот трофеј. Само победа ги остава теоретски во игра да го стигнат ривалот од Скопје.

Бодовите се неопходни и за составот на Aлкалоид кој е во трка за позициите за излез на европската сцена. Затоа во денешниот натпревар што ќе стартува во 19.30 часот, очекуваме борбен и до крај неизвесен дуел.

Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇