Двете првопласирани екипи во Супер лигата, ТФТ и МЗТ Скопје победнички ја почнаа ТОП-6 фазата.

Лидерот ФТ славеше против Тиквеш со 80:74. Гостите имаа контрола во првото полувреме, но ТФТ направи пресврт со одлична трета четвртина и сигурна завршница. Зафиров беше лидер со 20 поени, додека Гордон додаде 17 за домашниот тим.

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром со силен финиш го победи Кожув со 84:75. Натпреварот беше израмнет до самиот крај, но шампионот направи серија 14:4 во последните минути и го реши победникот. Дамјан Стојановски и Танасковиќ постигнаа по 21 поен, додека Војдан Стојановски додаде 15 поени при камбек во тимот.

Тимот од Тафталиџе останува лидер со ист број бодови 43 како и МЗТ.