Последното, 8.коло во Првата мапка кошаркарска лига, само ги дефинира двојките за плеј-офот. Доилемата за тоа кои четири екипи че разигруваат оддамна беше решена. но кој протов кого во полифиналето, дознавме денеска.

Од ТОП-4 екипи само велешки Борец не успеа да слави победа и тоа на гостувањето кај Мега баскет во Прилеп. Така велешани завршија четврти па во полуфиналето ќе играат со прво пласираната Струмица. Струмичани денеска беа подобро од Охрид на гостински терен и завршија пред Соколи.

Иако и штипјани славеа кај Вардар и завршија со ист „скор“ како Струмица, сепак поради послабиот „скор“ во меѓусебните дуели завршуваат на второто место. Штипските Соколи за противник во полуфиналето ќе го имаат скопски Бутел кој третата позиција ја потврди со убедливата победа над Водно Санс.

Полуфиналните серии што се играат во два добиени натпревари ќе стартуваат во Струмица и Штип. Пласман во Супер лигата ќе обезбеди само шампионот од Првата лига.

Следете нé на социјалните мрежи