Викендот носи голема неизвесност во Првата македонска лига. Последното осмо коло од ТОП 8 фазата ќе ги одреди полуфиналните двојки за плеј-офот. Четирите екипи кои обезбедија место во доигрувањето веќе се познати, но распоредот зависи од резултатите во претстојните натпревари.

Струмица моментално е на врвот, со ист број на бодови како и Соколи, но со подобар „скор“ во меѓусебните дуели со штипјани. Победа во Охрид против домаќинот ќе им донесе прво место на струмичани. Соколи имаат гостување против Вардар во „Кале“. Победа таму и пораз на Струмица би ги оставила штипјани на лидерската позиција.

Бутел и Борец баскет имаат имаат една победа помалку од водечкиот тандем. Шансите четирите тима да завршат со ист учинок се во рамките на научната фантастика. Реалноста вели дека скопјани и велешани се борат за третата позиција.

Ситуацијата ќе стане појасна уште во сабота. Од 17 часот Мега баскет го пречекува Борец баскет, додека Водно санс игра против Бутел во салата „Илија Хаџи Николов“.

Во недела од 13.30 часот ќе се играат двата натпревари што ќе решаваат за првото место.

Сите натпревари ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8 – ПОСЛЕДНО 8. коло

Сабота 4 април
17.00 МЕГА БАСКЕТ – БОРЕЦ БАСКЕТ
17.00 ВОДНО САНС – БУТЕЛ
Недела 5 април
13.30 ВАРДАР – СОКОЛИ
13.30 ОХРИД – СТРУМИЦА ФМП

ТАБЕЛА
1.Соколи 23 бодови (10-3 победи-порази)
2.Струмица ФМП 23 (10-3)
3.Бутел 22 (9-4)
4.Борец баскет 22 (9-4)
5.Вардар 18 (5-8)
6.Мега баскет 17 (4-9)
7.Охрид 16 (3-10)
8.Водно санс 15 (2-11)
*Првите четири екипи ќе играат во полуфиналето (1-4 и 2-3)