Младите ракометари на Еурофарм Пелистер до 18 години уште еднаш покажа што значи тим, карактер и победнички дух.
Избраниците на Мемиќ и Митревски во неизвесен натпревар извојуваа голема победа со 24:23 против фаворизираниот дански тим Алборг.
Младиот тим на Пелистер игра на турнирот во Пореч и ќе се бори во финалето за место што води на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на шампионите во Келн.
Со срце, дисциплина и огромна борба, Пелистер го надигра силниот противник и заслужено славеше. Од прв до последен сите дадоа максимум, со цврста одбрана и дисциплиниран напад. Најдобар стрелец беше Андреј Георгиев со 12 погодоци, а Јован Мацанковски блесна на голот со брилијантни одбрани. ЕХФ го прогласи за најдобар играч на натпреварот.
Потсетување дека лани, клубот го мина истиот пат со победи над Киелце и Динамо Букурешт и се пласираше на Ф4. Овој успех уште еднаш ја потврдува силата и победничкиот дух на младите надежи на Пелистер.
































