Ракометарите на Мулти Есенс го добија дербито на 20.коло или на првенството против Младост Богданци со убедливи 39:27. На овој начин двете екипи сега имаат по еден пораз (во меѓусебните дуели) и доколку нема изненадување Мулти Есенс го направи клучниот чекор кон шампионската титула во Првата лига и влез во Супер лигата. Првиот дуел на двете екипи во Богданци го доби Младост со 31:30.

Натпреварот почна изедначено и резултатот до 12:12 беше изедначен дури 12 пати. Мулти Есенс успеа да се одлепи два разлика – 14:12, а на полувреме беше 19:17. Напреварот беше решен на стартот во вториот дел кога по само десет минути Мулти Есенс водеше со 27:20, а тренерот на гостите Горан Андоновски ги искористи двата тајм аута.

До крајот на дуелот доминираа младите играчи на Мулти Есенс предводени од тренерот Миле Бочкаровски и славеа убедлива победа.

Најефикасен на дуелот беше Лазар Адамовиќ од Младост со 11 голови, кај Мулти Есенс Немања Џигеровски постигна 10, а голманот Стефан Јорданов имаше 12 одбрани.