Екипата на Спартак во рамките на 19. коло го пречека тимот на Куманово.
Натпреварот започна израмнето, со наизменични водства на двете страни, но ниту една екипа не успеваше да ја задржи предноста. Пресвртот се случи околу 15-тата минута, кога Спартак со серија од 2-0 успеа да се одлепи на 9:7. Потоа домаќинките постепено ја зголемуваа разликата, па во 20-тата минута имаа водство од 14:11. До крајот на првото полувреме Спартак ја задржа контролата и на пауза замина со предност од 17:14.
Во второто полувреме Спартак продолжи со сигурна игра, одржувајќи ја стекнатата разлика. Во 35-тата минута имаа убедлива предност од 19:14. Куманово се обидуваше во неколку наврати да се врати во игра, но Спартак беше поконцентриран и не дозволи изненадување. Во 56-тата минута домаќинките повторно стигнаа до +5 (31:26), со што практично го решија победникот. До крајот немаше значајни промени, па Спартак заслужено славеше со конечен резултат од 32:28.
Најефикасни од домашната екипа беа Николовска со 11 и Андовска со 6 погодоци. Додека од Куманово Павлова постигна 8 гола.
Ивона Кимовска


































