Машка ракометна репрезентација на Македонија, синоќа ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство 20208 година.
Ждрепката во Лисабон, ја смести Македонија во осмата група во која се и селекциите на Шведска, Грција и Луксембург.
Првиот и последниот натпревар во квалификациите Македонија ќе ги игра на домашен терен. На стартот 5 или 6 ноември 20206, ќе го пречекаме аутсајдерот Луксембург, а потоа ќе следува дуелот со Грците на гости. Затоа пак на крајот, во последното коло, во мај месец следната година (2027) ќе играме на домашен терен токму против нашиот лут ривал Грција.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2028
РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА
1 коло – 5/6 ноември 2026, МАКЕДОНИЈА – ЛУКСЕМБУРГ
2 коло – 8/9 ноември 2026, ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА
3 коло – 10/11 март 2027, МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА
4 коло 13/14 март 2027, ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА
5 коло – 5/6 мај 2027, ЛУКСЕМБУРГ – МАКЕДОНИЈА
6 коло – 9 мај 2027, МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА
Двете првопласирани од сите групи како и четири најдобро третопласирани репрезентации ќе обезбедат пласман на Европското првенство. Шампионатот ќе се игра од 13-30.јануари 2028 година во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Тие како домаќини заедно со Данска како европски шампион, веќе имаат гарантиран настап на првенството.




































