Денеска во просториите на РФМ, беше извршена ждрепката за „фајнал-форот“ во Купот на Македонија за мажи. Изненадувачки, како и лани во Охрид, така и годинава во Струмица во полуфиналето ќе ги гледаме истите дуели.
Имено, бранителот на трофејот Вардар за противник во полуфиналето ќе го има ривалот од Автокоманда, тимот на Алкалоид. Минатогодишниот финалист и актуелен првак на Македонија, Еурофарм Пелистер за место во нов финале ќе се бори против екипата на Охрид.
Токму овие два тика ќе го играат првиот полуфинален меч на 17 април (17 часот), а потоа следува дуелот Вардар – Алкалоид од (20 часот).
Големото финале е закажано за 19 април (недела) во терминот од 19 часот.
Потсетување дека РФМ ја одреди струмица да биде домаќин на завршниот турир, како неутрален терен на одигрување на натпреварите.
Ждрепката во женска конкуренција дополнително ќе биде направена, бидејќи дамите денеска и во сабота ќе ги играат четвртфиналните натпревари.



































