Во последниот натпревар од 18.коло од женската Супер лига, екипата на Куманово на домашен терен го пречека составот на Вардар и запиша значајна победа со 32:24.
Натпреварот започна подобро за домаќинките, кои отворија со серија од 2:0. Сепак, вардарки брзо возвратија и веќе во 5-тата минута го израмнија резултатот на 2:2, а потоа и поведоа со 3:2. Куманово не дозволи противникот да се одлепи, па со сигурна игра постепено ја презеде контролата. Во 16-тата минута домаќинките стигнаа до убедлива предност од +5 (11:6). Таа разлика, умешно ја одржуваа до крајот на првото полувреме. На паузата се замина со резултат 15:13 во корист на Куманово.
Во вториот дел, Вардар се обидуваше да ја намали негативата и да се врати во игра. Сепак, Куманово постојано имаше одговор. Во 38-та минута предноста повторно изнесуваше +3 (20:17), а клучниот момент дојде кога домаќинките направија серија од 4:0 и се одлепија на високи +8(31:23). До самиот крај вардарки немаа сила за пресврт, па Куманово заслужено триумфираше со убедлива разлика 32:24.
Најефикасна во редовите на Куманово беше Стеин со осум погодоци, додека кај Вардар се истакнаа Беровиќ и Вељановска со четири гола.
Потсетување дека вчера очекувани победи славеа Ѓорче Петров и Чаир. Актуелниот шампион Ѓорче Петров го совлада Астибо со 38:20, а Чаир беше подобар од Спартак со 30:25.
Ивона Кимовска



































