Манчестер Сити е првиот освојувач на трофеј во англискиот фудбал за сезоната 2025/26 година. Популарните „Граѓани“ во големото финале на Лига купот го совлада Арсенал со 2-0 на култниот стадион „Вембли’.

Избраниците на Пеп Гвардиола одиграа тактички беспрекорен натпревар во кој главната улога ја презеде младиот талент Нико О’Рајли. 21-годишниот фудалер, со два погодоци ја реши судбината на „топчиите“.

Со овој триумф Манчестер Сити стигна до својот деветти трофеј во ова натпреварување со што дополнително се зацврсти на врвот на листата на најуспешни англиски клубови во Лига купот веднаш зад рекордерот Ливерпул. Арсенал остана само со два.

Токму овие две екипи водат и битка за шампионскиот трофеј, а во моментов Арсенал има предност од девет подови, нои и натпревар повеќе.