Македонските ракометари го дозна противникот во баражот преку кој ќе се брка настап на Светското првенство. На патот на Македонија до ново учетсво на Мундијалот што ќе се одржи во Германија, следната година, ќе стои селекцијата на Словачка.

Словачка излезе како севкупен победник во двомечот со Украина. Иако денеска во реваншот на домашен терен загуби со 31-32, сепак првиот меч Словаците го добија со три разлика 24-27.

Така македонските ракометари против Словаците ќе играат два меча за ново учество Светските првенства, и продолжување на континуитетот на големите натпреварувања.

Двомечот ќе биде во мај месец. Првиот натпревар ќе се игра во Братислава на 13 или 14, а реваншот во Скопје на 17 мај.