Со дуелот што ќе се игра вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк, ќе биде одтворено 20.коло во машката кошаркарска Супер лига. Во него тимот на Работнички е домаќин на екипата на Ангели.
Сеуште, најтрофејниот македонски колектив Работнички, е фаворит против екипата која сезонава нема победа, барем не на терен.
Се освен победа на Работнички би било вистинска сензација, но и чекор назад во борбата за пласман во плеј-офот. Црвено-белите од Градски парк во моментов се на деветтото место кое не носи плеј-оф. Тие заостануваат еден бод зад конкурентите Куманово и Тиквеш, а имаа идентични 26 како и Феникс.
Затоа победата во дуелот што ќе почне од 19.30 часот е императив за Работнички.
Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
Останатите натпревари програмата се претстојниот викенд.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 20 КОЛО
Четврток 19 април
19.30 РАБОТНИЧКИ – АНГЕЛИ
Сабота 21 март
18.00 КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А.
18.00 ГОСТИВАР – МАЏАРИ
19.00 ЧАИР – ФЕНИКС
Недела 22 март
19.00 ТФТ – ПЕЛИСТЕР
19.00 ТИКВЕШ – КУМАНОВО


































