Екипата на Шкендија го пополни списокот на четири тима кои ќе играат во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.
Во последниот четвртфинален меч одигран попладнево во Струга, тетовци на пенали го елиминираа Трим Лум. Во регуларните 90.минути, стружани два пати водеа, а тетовци израмнуваа па резултатот гласеше 2-2.
Домаќините победа уште во 13.минута со голот на Марјан Радевски. Тоа беше и резултат по првото полувреме, а во второто беа постигнати уште два гола.
Гостите од Тетово успеа да го израмнат резултатот во 74.минута, а стрелец на голот беше Бесарти Ибраими. Само осум минути подоцна (84), Хамза на ефектен начин, ослободен удар, повторно донесе предност на стружани и водство од 2-1. И кога сите очекуваа крај на натпреварот, Фетау во петата минута од судиското дополнение го израмни резултатот на 2-2.
Во пенал „рулетот“ поуспешни беа фудбалерите на Шкендија кои се радуваа на победата со конечни 5-4.
СИТЕ ГОЛОВИ ОД 1/4-ФИНАЛНАТА РУНДА
Така Шкендија се вброиja меѓу четирите екипи продолжуваат да се борат во трофејот, односно ќе играат во полуфиналето. Во него тетовци за противник ќе го имаат истоимениот тим но од Арачиново.
Во второто полуфинале ќе играат Силекс и Охрид тим кој го елиминира бранителот на трофејот Вардар во четвртфиналето.
Првите полуфинални натпревари ќе се играат на 1 април, додека реваншите се закажани за 22 април.





































