Обврските на вицепрвакот ТФТ во плеј-офот на АБА2 лигата, се причината поради која последниот натпревар од 19 коло во суперлигашката кошаркарска конкуренција ќе се игра денеска.

Составот од Тафталиџе го чека ни малку лесно гостување во Куманово кај истоимената домашна екипа.

Тоа практично ќе биде реприза на полуфиналето од Купот неодамна одржано токму во Куманово. домаќините го добија тој натпревар, за кој скопјани имаа големи забелешки за судењето. Сега избраниците на Боро Смилковски ќе се обидат да им се реваншираат на оние на Марин Докузовски.

Евентуален триумф би го вратил ТФТ на врвот на табелата со идентичен број на бодови (36) како и лидерот МЗТ Скопје Аеродром.

Кумановци се седми со 27 бодови, колку што има и Тиквеш, но имаат само еден повеќе од Работнички и Феникс, екипи кои сеуште се во игра за плеј-офот. Затоа за Куманово важно е да се освојат двата бода, а до нив се стигнува само со победа.

Натпреварот Куманово – ТФТ ќе почне од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇