Последното слободно место за полуфиналето во Купот на Македонија ќе биде пополнето денеска, по натпреварот во Струга.

Таму, домашниот тим на Струга Трим Лум го пречекува актуелниот првак Шкендија.

Двата тима секако во повој меч влегуваат со амбиции, не само да стигнат меѓу четирите, туку да го освојат и трофејот. Стружани кои веќе ја губат трката со Вардар и Шкендија за шампионскиот трофеј, преку Купот бараат излез на европската сцена. Тетовци пак, кои се во трка по Вардар на шампионскиот трофеј, ќе сакаат ако не тој, да го освојат барем оној во Купот.

Инаку пласман во полуфиналето веќе обезбедија Силекс како и второлигашите Шкендија Арачиново и Охрид кој го елиминира бранителот Вардар.

Денешниот дуел во Струга ќе почне во терминот од 14.30 часот.