Нови два натпревари ќе се одиграат вечера во рамките од 19.коло на машката кошаркарска Супер лига.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром има можност да избие сам на врвот на табелата. Аеродромци во моментов се второ рангирани со идентични 34 бодови како и лидерот ТФТ.

Синот-белите денеска ќе имаат улогата на фаворит во дуелот против тимот на Тиквеш. Кавадарчани во моментов се на осмото, последно место што води во разигрувањето. Тие имаат идентичен број на бодови 26, како и деветто и десет рангираните Работнички и Феникс. Шансата гостите достигнат до двата бода е еднаква на сензација.

Овој натпревар ќе почне во терминот од 18 часот и 30 минути.

Половина час подоцна (19) во Битола кај Пелистер ќе гостува екипата на Гостивар. И во овој дуел домашниот состав ја има улогата на апсолутен фаворит. Пелистерци се на третата позиција на табелата за водечкиот тандем. Гостиварци пак, со само четири победи, се претпоследни единаесетти.

Двата натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇.