Екипите на Пелистер и Атлетик им се приклучија на Ѓорче Петров и Чаир во четвртфиналето на Купот на Македонија кај дамите.

Во елиминациското коло тие беа подобри од своите противници Астибо и Стружанка.

На дуелот во Штип каде Астибо го пречека тимот на Атлетик, гостинската екипа славеше со 30:26.

Натпреварот започна со серија од 3:1 за екипата на Атлетик во 6-тата минута. Домашниот тим во 16-тата минута успеа да намали на 5:6, но не и да израмни. Атлетик веднаш возврати со серија 4:1 и се одлепи на 10:6. Во неколку наврати Астибо се обидуваше да се доближи до противникот, но не успеваше да го израмни резултатот. На полувремето Атлетик замина со предност од +4 (15:11).

Во второто полувреме немаше поголеми промени на теренот. Атлетик продолжи да ја контролира играта и резултатот, па во 42-та минута стигна и до највисоки +5 (21:16). Екипата на Атлетик беше мотивирана и не запираше, па домаќините немаа шанси да ја намалат негативата. До крајот на натпреварот немаше поголеми промени во резултатот, па Атлетик заслужено триумфираше.

Пелистер немаше проблеми во дуелот со Стружанка која ја совлада со девет голови разлика.

И другите натпревари од елиминациската рунда се играат денеска, по што ќе бидат познати сите летвртфиналисти.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЖЕНИ ЕЛИМИНАЦИИ

1ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 – ЖРК СТРУЖАНКА. 34:23

ЖРК АСТИБО – ЖРК АТЛЕТИК. 26:30

15:00 часот ЖРК ШАМПИОН – ЖРК КУМАНОВО

16:00 часот ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – РК ДЕСПИНА

16:00 часот ЖРК ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ МРК

20:00 часот КХФ ЈЕХОНА – РК СПАРТАК

Ивона Кимовска